Саемот за автомобили во Брисел ги отвори вратите за медиумите на 101-годишнината

Саемот за автомобили, што може да се посети од 10 до 19 јануари во Експо-центарот во Брисел, главниот град на Белгија, ги отвори вратите за претставниците на медиумите на својата 101-годишнина, известува Анадолу.

На саемот се претставени стотици различни модели, од кои некои ќе бидат изложени за првпат. Покрај автомобилите, на саемот се изложени лесни комерцијални возила и каравани, а кинескиот производител на автомобили Икспенг (Xpeng) го претставува прототипот на летечко возило за две лица X2.

Годинава на најголемиот саем во Белгија се очекуваат 300.000 посетители, а ќе учествуваат 63 производители на автомобили и комерцијални возила.

На саемот на кој електричните возила се во прв план, изложени се и модели како Рено твинго E-Tech, Мазда6e, Сузуки e витара, ДС N°8, Шкода енијак и БЈД Ато 2.

извор: АНАДОЛИЈА