Организаторите на Светското првенство во фудбал, потврдија дека сите странци кои доаѓаат во Катар, вклучително и фудбалерите кои не се вакцинирани, ќе мора да поминат пет дена во самоизолација.
Фудбалерите и членовите на делегациите, како и новинарите и навивачите, кои ќе дојдат во Катар на Светското првенство ќе треба да покажат доказ за вакцинација против коронавирусот. Во спротивно, ќе мора да поминат пет дена, во хотел, во самоизолација.
На Светското првенство во Катар ќе учествуваат 32 репрезентации.
Светското првенство ќе започне на 21.ноември, а финалето ќе се игра на 18.декември 2022 година.
883 Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник…