Лидерот на СДСМ, Венко Филипче пред малку на прес конференција објави нови имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Тој ги соопшти кандидатите за градоначалници на помали општини како Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар, а најзвучна општина меѓу нив е Струмица каде изостанува актуелниот Костадин Костадинов.
Според Филипче, кандидат на СДСМ за Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација на партија.
Во Охрид кандидат ќе биде д-р Асен Шајн, додека пак во Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски.
„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување а не поделба на партијата“, рече Филипче.
Во продолжение сите кандидати:
- Општина Пехчево – Златко Николовски, член на Централниот одбор
- Општина Босилово – Мариче Кармазичева
- Куманово – организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
- Карбинци – Љупка Соколовска
- Василево – Ванчо Новоселски
- Сопиште – претседателот на општинската организација, Звонко Васев.
- Јегуновце – Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година
- Охрид – претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн
- Демир Хисар – Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација.
- Струмица – претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски
- Дебарца – претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
4news.mk




