– Штетата за Маријана и Зденка е ненадоместлива. А тоа место моментално вреди околу 50.000 евра, а двете имаат по 10-тина ари. Но, како што кажав, не можат никому да го продадат без согласност на инвеститорот. Кога Маријана дознала, почнал хаос меѓу неа и Северина. Оттогаш двете немаат нормален контакт. Секакви работи се случуваа меѓу нив во претходните години, а ситуацијата кулминираше со тепање пред два дена. Во конфликтот е вмешана и мајката на Ана, бидејќи двете поголеми ќерки веруваат дека знаела дека Северина ги зела парите, поради што Маријана и Зденка не разговараат со нивната мајка – заклучува изворот од Хрватска.