Девет лица, меѓу кои седум деца, загинаа во петокот од експлозија на гас во куќа во Каракас.
Ова го соопштија властите во главниот град на Венецуела. Според градоначалникот, сите жртви биле од исто семејство, а најмладата жртва имала петнаесет дена.
Според пожарникарите, експлозијата се случила на приземје од куќа во квартот Коче. Жртвите кои биле во горниот дел од куќата починале од задушување.
извор: НОС Холандија