Седум лица загинати и 46 повредени во пожар во деловна зграда во Јужна Кореја

Најмалку седум лица загинаа, а 46 се повредени во пожар што зафати деловна зграда во јужнокорејскиот град Даегу, на околу 300 километри јужно од Сеул.

Во седумкатницата избувнал пожар, а десетици луѓе биле евакуирани. Пожарот бил изгаснат по околу 20 минути, а во гаснењето учествувале 50 противпожарни возила и 160 пожарникари, јави агенцијата Јонхап.

Полицијата ги истражува причините за пожарот.

 

МИА