Семејство од Турција ја прими православната вера

Две ќерки и мајка со потекло од Турција на 25 јануари 2026 година се крстија во Српската Православна Црква во Требиње, Босна и Херцеговина. Тие пристигнале од Истанбул, го засакале и градот Требиње и Православието и за нив немало дилема. На своите турски имиња, по сопствен избор, им ги додадоа библиските имиња: Елисавета, Марија и Ана.

Како што раскажуваат, претходно читале христијанска литература. Во Требиње првпат престојувале минатата година поради деловните обврски на нивниот татко, а овојпат дошле туристички, бидејќи градот многу им се допаднал, и ќе останат до 15 февруари.

Одлучиле да се крстат во Храмот на Светите Архангели, во требињската населба Хрупјела. Ги крстил отец Велимир Ковач, а кума им била Јадранка Попиќ.

Крштевањето беше литургиско. Во евангелската беседа, свештеникот Велимир Ковач истакна дека: „Црквата е икона на Царството Небесно и дека во Царството Небесно нема разлика меѓу оној што е Србин и оној што е од Турција“.

„Треба да се трудиме да бидеме нови луѓе во Христа. И крштевањето е почеток на тој нов живот, а ова за нашата литургиска заедница е голема радост, затоа што одлучија да се крстат токму кај нас, каде што веќе неколку седмици доаѓаат на света Литургија“ – истакна отец Велимир.

Новокрстените за првпат се причестија на Литургијата.

 

 

liturgija.mk