Се забранува пушење на отворено во Милано од новогодишната ноќ

 Пушењето на отворено ќе биде забрането во Милано, втор по големина град во Италија, почнувајќи од новогодишната ноќ, известува Анадолу.

Според вестите објавени во националните медиуми, градот Милано, во рамките на планирањето за климата и времето, одлучи да го прошири опсегот на ограничената забрана за пушење што ја воведе првпат во 2021 година што се однесуваше на заедничките простории за престој, како што се стадионите, парковите, гробиштата и автобуските постојки.

Во рамките на најновата одлука на градот, пушењето на јавни места ќе биде забрането од 1 јануари 2025 година.

Според новата регулатива, на консументите на цигари и тутунски производи ќе им биде дозволено да пушат само на одредени места, под услов да се на растојание најмалку 10 метри од другите луѓе.

Оние што нема да го почитуваат ова правило ќе се соочат со казна од 40 до 240 евра.

Според вестите објавени во медиумите, во концентрацијата на параметарот „концентрација на ПМ10“ што се користи при мерење на квалитетот на воздухот, консумирањето цигари учествува со 7 % во загадувањето на воздухот во Милано, индустриски и финансиски центар на земјата.

Се наведува дека одлуката е донесена во рамките на програмата подготвена за да се преполоват емисиите на јаглерод диоксид до 2050 година.

Некои тутунопроизводители и продавачи на цигари планираат да се спротивстават на новата забрана пред регионалниот суд, тврдејќи дека градот нема надлежност да донесе таква одлука.

Слична одлука на оваа во Милано, во април стапи на сила во Торино, индустриски град на северот на Италија. Градот Торино забрани пушење на отворени места кога покрај консументите на цигари се наоѓаат други луѓе на оддалеченост од 5 метри.

 

извор: Анадолија