27 лица го загубија животот во пожар што избувна во ноќен клуб под 16-катница во Бешикташ.
Според извештаите, пожарот избувнал во близина на бината во затворена дискотека каде што се реновираат за време на Рамазан.
По трагедијата, притвор им е одреден на петмина осомничени, меѓу кои тројца вработени кои биле на работното место, раководителот и едно лице одговорно за реновирањето.
„Мое сочувство до сите. Работата за идентификација продолжува. Причината за пожарот не е позната. Станува збор за простор кој се користи како дискотека под зградата. Се реновирал во моментот на пожарот. Нашите полициски, здравствени и противпожарни екипи беа на лице место од првиот момент. Овој ноќен клуб има лиценца која е добиена во 1987 година, а потоа обновена во 2018 година“, изјави гувернерот Давут Ѓул.
Луѓето останаа заробени во зградата бидејќи пожарот и густиот чад брзо се проширија низ ноќниот клуб и станбената зграда.
Истрагата е во тек.
telegraf.rs