До самиот крај на месец Мај во Македонија ќе се задржи значително топло со макасимални температури кој ќе бидат околу просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, но и понатаму ќе биде многу нестабилно.
Често, и тоа особено во попладневните и во вечерните часови ќе се развива нестабилна облачност, на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно останува и во Скопскиот регион, во попладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Високите температури кои ги имаме и топлиот бран од југ, позначително ја загрева Атмосферата и ја исполнива со многу енергија. Токму поради ова до самиот крај на овој месец, локално ќе се создаваат услови за локално, но по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да услови локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град, кој би можел да биде и по крупен.
Токму поради ваквата состојба апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат и да се ставаат подалеку од дрвјата, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.