Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди планинска област во западниот дел на кинеската провинција Сечуан, соопшти Кинескиот мрежен центар за земјотреси.
Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, главниот град на оваа провинција.
Граѓаните од оддалечените градови Чангша и Ксиан велат дека го почувствувале земјотресот во Сечуан, кој се случил околу пладне по локално време.
Неколку минути подоцна, според Центарот, следеше втор земјотрес со јачина од 4,2 степени во градот Јан, недалеку од Лудинг.
Бројот на загинати во силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди југозападна Кина се искачи на 46, соопштија локалните власти.
ba.n1info.com