Силен земјотрес од 6,4 степени според Рихтер ја погоди Северна Калифорнија

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на северниот дел на Калифорнија, а засега нема извештаи за повредени луѓе, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од градот Ферндејл на длабочина од 16 километри.

По земјотресот, повеќе од 55.000 домаќинства пријавиле прекин на електрична енергија.

фото: PRTSC