Силен земјотрес ја погоди северозападна Туркије, повредени 46 лица

Силен земјотрес утринава ја потресе северозападната област Дузџе во Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Повредени се 46 лица“, соопшти Управата за управување со вонредни состојби (АФАД).

„Вкупно 37 лица се повредени во Дузџе, каде што е епицентарот на земјотресот, додека други се повредени во Истанбул, Сакарија, Болу и Зонгулдак“, соопшти АФАД.

Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузџе веднаш по земјотресот, изјави дека нема жртви.

АФАД соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погодил областа Гољака во раните утрински часови.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 6,81 километар.

Почувствуван е и во Истанбул, во северозападните области Болу, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик, во западните области Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара.

По силниот земјотрес регистрирани се вкупно 74 последователни потреси.

Гувернерот на Дузџе, Џевдет Атај, изјави дека училиштата денеска ќе бидат затворени поради земјотресот.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).