Земјотрес со јачина од 5,3 степени ги погоди подрачјата на североистокот на Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија (JMA) соопшти дека во 14:46 часот по локално време во водите меѓу Сома, Фукушима и Ишиномаки во Мијаги е забележан земјотрес со јачина од 5,3 степени.
Хипоцентарот беше на 60 километри, а не е издадено предупредување за цунами.
Тресење на земјата се почувствува и на подрачјата Ивате Аомори, Јамагата и Ибараки.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Архива