Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ова утро го потресе Токио, главниот град на Јапонија, и неговите околни подрачја, пренесува Анадолу.
Епицентарот на земјотресот бил во перфектурата Чиба, југоисточно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција. По земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.
Четири лица се повредени, објави јапонската новинска агенција Кјодо.
Поради земјотресот откажани или одложени се некои железнички услуги.
Јапонија е една од земјите во светот со најголем број земјотреси, а земјотресот што ја потресе оваа земја во 2011 година предизвика и цунами од кој животот го загубија илјадници луѓе и предизвика катаклизмичен дефект во нуклеарната електрана Фукушима.