Системот на МВР дава грешни податоци за тоа дали се готови личните документи!

Поедноставената процедура на МВР за електронски увид на граѓаните околу тоа до каде е изработката на личните исправи од граѓаните не функционира.

Граѓанин кој го подигнал својот пасош уште пред две недели, случајно го внел својот матичен број во графата за проверка и системот покажал податок дека документот е во процес на обработка.

Се поставува прашањето што да очекуваат оние граѓани кои секојдневно проверуваат дали се готови нивните лични документи и дали дадениот одговор од системот е точен и меродавен, или е закочен на едно и го кажува истото на сите при проверка.

 

news1.mk