Минатата недела добивме вести од Русија за ледениот воздух, кој донесе температури од -50 до -20°C во азискиот дел на земјата и до -60°C на североистокот на Русија, во регионот Јакутија. Деновиве европскиот дел на Русија е под обилни снежни врнежи.
Силен циклон, чиј центар се движи од западна Европа кон централна Европа, носи во источна Европа јужна струја од Црното Море, но и многу влажна воздушна маса, која дотера со леден воздух од Сибир создава обилни снежни врнежи.
Во европскиот дел на Русија во следните два дена се очекуваат обилни снежни врнежи и силен ветер.
Снежното невреме ќе ја зафати и Москва. Обилниот снег ќе биде пропратен со налети и бурен ветер, со брзина од 50 км/ч. Висината на снежната покривка се очекува да достигне 40 сантиметри, локално и половина метар, а се очекува да наврнат дополнителни 20 до 40 сантиметри снег низ европскиот дел на Русија.
Снежното невреме ќе биде придружено со многу ниски температури, со вредности од -20 до -10°C.
telegraf.rs