Собири на поддржувачи на владата и антивладини демонстранти во Србија, инциденти во Чачак и Богатиќ

Паралелни собири на противници и на поддржувачи на владата на Србија предводени од Српската напредна партија (СНС) се одржуваат во неколку градови во Србија во недела, 28 септември.

Во општина Богатиќ, дошло до конфликт меѓу две групи – поддржувачи и противници на владата. Како што објави Н1, се слушнал и топовски истрел.

Маскирани напаѓачи претепале антивладин демонстрант и удриле жена активистка на протест во Чачак, објави Бета.

Како што изјавија очевидци за агенцијата Бета, маскирани мажи со безбол палки излегле од автомобилот и ги нападнале учесниците на антирежимскиот митинг кои отишле во блиската улица, каде што обично се паркираат автобуси кога се носат поддржувачи на СНС на собири во Чачак.

Нападнатите демонстранти потоа биле примени во одделот за итни случаи во болницата во Чачак.

slobodnaevropa.mk