Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе расправа за новиот, шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), а Србија ќе ја претставува Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ. Во извештајот за периодот од 16 септември 2021 до 15 март 2022 година, Гутереш наведува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ останува клучен форум за нормализирање на односите меѓу двете страни, но изрази жалење што бил „постигнат ограничен напредок“.