Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(39) и Ќ.Ц.(46), двајцата од Дебар. Пријавените сопружници, во периодот од 2010 до 2022 година, свесно и со умисла, во неколку наврати довеле во заблуда повозрасна жителка од Дебар која, од една банка и 2 финансиски друштва, подигнала кредити и како заем им ги дала на пријавените кои и ветиле дека парите ќе и ги враќале на рати. Пријавените, ги злоупотребиле личните податоци од личната карта на оштетената и од нејзината е-маил адреса, до едно финансиско друштво, поднеле он лајн апликација за добивање брз кредит по што, парите ги подигнале од нејзината трансакциска сметка. Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 777.000 денари.
Related Posts
Шилегов: Дел од јавноста оправдано е разочарана, треба да ја воведеме одговорноста и функционалноста на институциите на сите нивоа
Според, Петре Шилегов висок функционер на СДСМ и екс градоначалник на Скопје, институциите во Македонија се нефункционални на повеќе нивоа…
ЖИВО: Мицкоски на пуштање на нов апарат за Магнетна резонанца во поликлиника Идадија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе присуствуваат на пуштање…
Гордана Сиљановска Давкова – универзитетската професорка во претседателска фотелја
Македонија ја доби првата жена – претседателка на државата по вториот круг претседателските избори на 8 мај, во кој се…