Спасено дете кое со гумен чамец пловело во морето кај Тунис

Детето пловело два дена на отворено море кај градот Келибиа и по него била започната опширна потрага која не дала резултат цели 48 часа.

Едно момче минало два дена на море. Многу бродови минувале покрај него, но никој не застанал да го спаси и тоа на 60 наутички милји од брегот на Тунис. Горд сум на нас и на нашиот екипаж, објавил на Фејсбук хрватскиот капетан Владимир Шепаровиќ.

Детето пловело два дена на отворено море кај градот Келибиа и по него била започната опширна потрага која не дала резултати цели 48 часа. Се додека не го собрал екипажот на бродот под водство на хрватскиот капетан.

„Детето прво и се јави на својата мајка и и кажа дека е живо“, напишал капетанот Шепаровиќ.

Детето пловело во гумен чамец, имало и весла, а што точно се случило – не е познато.

 

tocka.mk