Србите масовно купуваат сефови за чување оружје

Во Белград речиси и да нема специјализирана продавница каде што може да се купи сигурносен сеф. Сите во моментов се распродадени. Списоците на чекање во некои продавници брои повеќе од 50 луѓе. Дневно се јавуваат повеќе од сто заинтересирани. Сите имаат ист одговор – се што беше достапно е продадено, јавуваат српските медиуи.

По двата масакри во Србија и најавите на српското раководство дека државата ригорозно ќе се справува со нелегалното но и чувањето на легално оружје допринесе Србите да почнат да ги почитуваат законските одредби за чување на огнено оружје меѓу кои и онаа која наложува дека доколку поседувате било какво регистрирано оружје од типот на пиштол или пушка, покрај документите истото според закон наложува дека тоа треба да се чува во соодветен сеф.

 

извор: libertas.mk