Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз

Партнерството и одличната соработка кои Република Северна Македонија и САД ги негуваат со децении наназад уште еднаш беа потврдени на денешната работна средба во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, придружувана од Џоана Кецман, директор на ИНЛ при Амбасадата на САД.

Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти кои со поддршка на американската Амбасада се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата.