Празните ветувања на власта го креваат на максиму синдикалниот револт. Од ССМ најавуваат генерален штрајк ако деновиве нема јасна информација како и кога ќе се реализира ветувањето за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор, објави Алфа.
Наместо потпишување на договор за зголемување на платите за 2.806 денари, допрва ќе се кроела методологија за продуктивноста на работниците. Најголемиот Синдикат во земјава извиси. Најавуваат серија протести, но и генерален штрајк ако не се исполни владиното ветување. Велат дека во предлог ребалансот не биле предвидени пари за линеарно зголемување на платите.
Незадоволство е огромно од ваквиот однос на Владата спрема нас. Во 5 до 12 да се утврдува и да се бараат изговори дека сега ќе правиме методологии и сега ќе бараме оценување,а веќе го има во секој закон, во секој колективен договор. Тоа само покажува колку владата ги почитува вработените и работниците во земјава, изјави Трпе Дејановски од УПОЗ.
Синдикалците велат дека ќе остават простор уште неклку дена за да видат дали ќе се направи некоја измена, но ако тоа не се случи сите излегуваат на улица.
Текстот во целост на: Алфа.
фото: Алфа.