Од тука, пред Републичко Јавно Обвинителство го потсетуваме републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека и според функцијата и според дадената заклетва Е ДОЛЖЕН да ги надмине моментите на лично познанство и лична соработка со Темелко Ристески и Е ДОЛЖЕН да отвори сериозна и опсежна истрага за злоупотреба на Буџетот и за злоупотреба на МО во партиски и изборни цели, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Стоилковски во целост:
Фактот дека Јовески и Ристески се соработници во Комисијата за помилување осудени и затворени лица, не го менува фактот дека е направена злоупотреба од МО, злоупотреба на Буџетот, а доколку ЈО не покрене истрага, можна е и злоупотреба на ЈО коешто со непокренување на истрага станува соучесник во делото.
Темелко Ристески ја призна автентичноста на Извештајот за извршени задачи во кои наведува партиска агитација и партиска активност во предизборие во корист на коалиција предводена од СДСМ! Тоа е уште еден огромен срам предизвикан од СДСМ и за МО и за државата!
Активностите на Темелко Ристески се платени со над половина милион денари, 580 илјади денари за тоа што го навел во извештајот!
Јовески мора да се издигне над состојбата и да престане со молкот додека Македонија тоне во криминал, корупција и партизација. Постојат сериозни индиции дека Темелко Ристевски не е единствен случај во МО, како и индиции дека вакви злоупотреби се правени и во други министерства и владини институции. Впрочем ова се надоврзува на истрагата за Авторските договори и генералните секретари на владата, како и фактот за над 30 илјади вработувања во администрацијата предводена од СДСМ/ДУИ.
Премногу е! Македонија не може вака да продолжи. Потребна е одговорност и таа ќе ја има!