Таравари ја разреши безимената директорка од Козле, нова е проф. д-р Катерина Бошковска

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, која деновиве побара медиумите да не и го спомнуваат името . Таа е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката со име и презиме, д-р Катерина Бошковска.

Оваа одлука веќе пристигнала во болницата, објавија дел од медиумите.

Директорувањето на директорката која побара медиумите да не и го спомнуваат името беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и меѓучовечките несогласувања во институцијата. Тензиите кулминираа со нејзиното барање до медиумите да не го спомнуваат нејзиното име, иако се наоѓаше на јавна функција.

Со назначувањето на проф. Катерина Бошковска, Министерството за здравство очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.

 

 

 

denesen.mk