Тајванското Министерство за национална одбрана денес соопшти дека во изминатите 24 часа во близина на Тајван биле забележани 59 воени авиони и девет воени брода на Народноослободителната армија на Кина, јавува Анадолу.
Во соопштението, тајванското Министерство истакна дека воените закани на Кина ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец и ја поткопуваат регионалната стабилност.
Кина го смета Тајван за своја „отцепена“ провинција и постојано врши воен притисок врз островот, а Тајпеј инсистира на својата независност.