Телма: Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда

Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупанчевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како  надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија, oбјави Телма.

Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.

Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите.

Целиоте текст овде.