Телма: Почина возачот Февзи Арифи кој јавно кажа дека во ЈСП се возат неисправни автобуси

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со двокатен автобус се качи на жардиниера кај ТЦ „Мавровка“.

Арифи тогаш јавно кажа дека на терен ЈСП пушта неисправни автобуси.

Обвинителството издаде насоки да се направи вештачење за тоа дали автобусот бил исправен.

Вештачењето заврши денеска.

Скопското обвинителство го има добиено вештиот наод за автобусот кој се качи на жардењера кај ТЦ „Мавровка“, а управуван од шоферот во ЈСП, Февзи Арифи, кој почина пред пет денам, а дали има обвинети не се знае.

Настанот се случи пред пет месеци, односно на почетокот на месец јули, кога автобусот со патници влета над бетонската ограда кај ТЦ „Мавровка“.

 

Извор: телма