Опасен топлотен бран зафати делови од Кина, САД и Европа при што најмалку 86 кинески градови издадоа предупредувања, а температурите се зголемуваат во југозападниот и централниот дел на САД и на Пиринејскиот Полуостров.
Кинеските метеоролози предвидуваат дека температурата во некои градови во следните 24 часа ќе достигне 40 степени Целзиусови.
Југозападните и централните области на САД се соочуваат со екстремна жештина, со 42,2 Целзиусови степени во Вако и рекордни температури измерени минатиот викенд во градови во Тексас, Колорадо, Оклахома и Арканзас.
Шпанија е зафатена од вториот топлотен бран ова лето, со температури кои оваа недела достигнаа 44 Целзиусови степени во некои региони во јужниот и југозападниот дел на земјата.
telma.mk