Тошковски: Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер

На средбата изразив искрена благодарност за нејзината лична посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на јакнењето на безбедносниот систем и институционалните капацитети на Министерството за внатрешни работи. Ја истакнав нејзината значајна улога во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Упатив благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, ја потенцирав одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза во полето на безбедноста.