Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.
„Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.
Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата“, потенцираше министерот Тошковски.