Денеска присуствував на Западнобалканскиот дигитален самит 2025 во Скопје. Самитот има за цел да ги промовира дигиталните иновации и да ја истакне важноста на дигитализацијата како мотор за економски развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Еден од главните приоритети како на Владата така и на Министерството за внатрешни работи е дигитализација на процесите со цел да понудиме брзи и ефикасни услуги за нашите граѓани. Издавање уверение за државјанство, аплицирање онлајн за одобрение за оружје, потврди за сопственост и поседување на моторни возила на физички и правни лица се дел од дигиталните услуги кои веќе ги нудиме на граѓаните.
Проектот „Безбеден град“ ќе донесе нова ера на безбедност во сообраќајот и јавниот ред и мир. Дигитализација е иднината за подобри, побрзи и поквалитетни услуги, а со тоа и безбедност на секој граѓанин и целата држава.



