Тошковски: Расчистен случајот со заканите кон уставниот судија

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со закани кон судија на Уставниот суд, соопшти денеска министерот Панче Тошковски.

На 24.06.2024 Претседателот на Уставниот суд, Д.К., пријави закани по животот и безбедноста на судија од страна на С.И. преку социјална мрежа. По пријавата, МВР презеде мерки и изврши разговор со С.И. во СВР Тетово. На 26.06.2024, Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.И. за „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 5 од Кривичниот законик. Сакам да истакнам дека МВР во иднина остро ќе реагира против било какви закани, особено против членови на највисокиот суд во Македонија, рече Тошковски.