Трагедија во Србија: Мајка од балкон си го фрлила детето – петгодишната ќерка, па скокнала по неа

Трагедија утринава ја потресе Србија. Српските медиуми јавуваат дека мајка од балкон си го фрлила детето, петгодишната ќерка, па скокнала по неа.

Во улицата „Грге Јанкеса“ во Миријево утрово околу 8 часот мајката М.К, и нејзиното дете, паднале од третиот кат од ходникот на зградата, а сосетката, која била сведок на страотната несреќа, кажала дека глетката била шокантна, јавува kurir.rs.

– Слушнав дека нешто пукна. Таа прво го фрли детето, па скокна по него, а малата врескаше и плачеше. Кога стаса Итната помош, го довикуваа детето, но тоа не одговараше, рекла таа.

Жената изјавила и дека сосетката бил проблематична, викала и врескала речиси по цел ден, но и дека фрлала работи низ прозорец и друго.

Според kurir.rs, пред неколку дена несреќната жена го барала клучот од покривот, под изговор дека на детето сака да му го покаже погледот. И соседите изјавиле дека таа, наводно, постојано ја тепала и малтретирала ќерка си.

извор и фото: kurir.rs.