Трамп: Постојат само машки и женски род

Новизбраниот американски претседател, Доналд Трамп вети дека уште првиот ден од неговиот мандат „ќе го запре трансродовото лудило“.

„Ќе потпишам извршни наредби за укинување на родовото сакатење на деца и исфрлување на транродовите лица од армијата и од нашите основни и средни училишта“, најави Трамп на настан за млади конзервативци во Феникс, Аризона.

Тој додаде дека официјалната политика на САД по тоа прашање ќе биде дека постојат само два пола – машки и женски.

 

извор: Телма