Трамп се заканува со нови напади врз Харг, додека Иран стрела врз енергетската инфраструктура на земјите од Заливот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иако голем дел од стратешкиот остров Харг на Иран е уништен во американски воздушен напад, тој може да нареди понатамошни напади, додека арапските држави во регионот, сојузнички на Соединетите Американски Држави (САД), пријавија прекини во сопствените нафтени индустрии поради иранските одмазднички напади.

Трамп на 14 март изјави дека американските напади „целосно го уништиле“ поголемиот дел од островот Харг – кој се наоѓа на неколку десетици километри од иранското копно – но додаде дека „можеби ќе го погодиме уште неколку пати само за забава“.

Веднаш по нападот, Трамп рече дека американските сили „целосно ги уништиле“ иранските воени цели на островот, но ја оставиле нафтената инфраструктура недопрена. Сепак, тој се закани дека ќе ги погоди и тие локации ако Иран го прекине сообраќајот во Ормутскиот теснец.

Иранските власти тврдеа дека извозот на сурова нафта течел непрекинато од терминалот на островот Харг по она што Трамп го опиша како „еден од најмоќните бомбардирања“ во историјата на Блискиот Исток.

Нападот на островот Харг означи голем развој во конфликтот, кој почна на 28 февруари по големите американско – израелски напади врз иранските воени и нуклеарни објекти.

 

 

slobodnaevropa.mk