Три години од трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани, а седум беа тешко повредени.
Компанијата доби четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз и казна од 800 илјади денари. Една година и осум месеци казна затвор доби Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса Транс“ бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата превезувајќи патници.
Автобусот удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Непосредно пред клучката Бошнек, тој излета од коловозната лента, удри во заштитната ограда, а потоа се запали при што загинаа 45 лица, од кои 13 беа деца.
После три години на автопатот „Струмица“ во Бугарија нема никакво обележје дека на тоа место се случила несреќа во која изгореле 45 државјани на Македонија.
Во Македонија се водеше судски процес за работата на компанијата, а во Бугарија за склучената несреќа. Таму судскиот случај заврши со пресуда во која се вели дека возачот на автобусот е виновен за несреќата. Тој исто така загина.
4news.mk