Трогателни пораки од другарчињата на малолетничката која беше прегазена во Велес: “Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене…”

Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема, како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто?
Како да ги задржиш солзите кога син ти ти вика: “Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене…”
________________________________________________
Пријатели, велешани, денес во 15:00 часот кој милува нека дојде на местото на немилиот настан, во знак на сочувство и љубов кон семејството, но и во знак на бес и револт кон проклетникот кој не се ни свртел позади себе…
______________________________________________
Мило дете, играта со соучениците прерано ја замени со игра со ангелите на небото, бескрајно ќе им недостасуваш на твоите VI-5

 

извор: ФБ