Трудница загина во сообраќајка кај Нови Пазар, детето и таткото спасени

Тричлено семејство – сопругот, неговата бремена сопруга и четиригодишното дете слетале во кањонот на реката Ибар, кај селото Батраге, кај Тутин, а како што дознава репортерот на Курир, трудницата починала. .

Детето е спасено и моментално е во стабилна состојба, без сериозни повреди.

Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути.

На терен се спасувачки екипи, пожарникари, спасувачи, полиција, итните служби и граѓани кои заедно работат на извлекување на затрупаните лица.

Храбри полицајци и спасувачи брзо реагирале, се спуштиле на длабочина од 100 метри и прво го извлекле четиригодишното дете.

Екипите се на терен и се обидуваат да ги извлечат родителите на детето.

 

telegraf.rs