Турскиот претседател Ердоган повика на примирје помеѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го повтори својот повик за прекин на огнот помеѓу Русија и Украина, додека судирите продолжуваат шести ден, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нашиот повик до Русија и Украина е да го прекинат огнот што е можно поскоро“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу во Претседателскиот комплекс во Анкара.

Ердоган ги повика и Москва и Киев да дадат придонес за светскиот мир.

Откако започнаа руските напади на Украина минатиот четврток, тие беа пречекани со бес од меѓународната заедница, поради што ЕУ, Велика Британија и САД наметнаа низа економски санкции кон Русија.

Според податоците на ОН, досега во Украина животот го загубиле најмалку 136 цивили, меѓу кои 13 деца, а 400 се повредени, од кои 26 се деца.

Околу 660.000 луѓе пребегаа од Украина во соседните земји, соопшти денес Агенцијата за бегалци на ОН.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).