Турскиот претседател Ердоган пристигна во посета на Грција

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, со приватниот авион „ТУР“ пристигна во грчкиот главен град Атина, јавува Анадолу.

Ердоган на Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина беше пречекан страна на шефот на грчката дипломатија Јоргос Јерапетритис и амбасадорот на Туркије во Атина, Чагатај Ерџијес.

Заедно со турскиот претседател Ердоган, во Атина пристигнаа и турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан; министерот за трезор и финансии, Мехмет Шимшек; министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја; министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој; министерот за национално образование, Јусуф Текин; министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер; министерот за трговија, Омер Болат; министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, и главниот советник на претседателот, Акиф Чагатај.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.