Турскиот готвач Улаш Текеркаја оживеа древен рецепт за леб врз основа на векна леб стара 8.600 години откриена на неолитскиот локалитет Чаталхојук во турската област Коња, пишува Анадолу.
Во анализата на житото од примерокот е откриено дека содржи состојки како грашок, јачмен и пченица. Во истражувањето беа вклучени група научници, универзитетски професори. Откриено е дека мешунките во лебот ја забрзуваат ферментацијата.
Пред две години археолозите пронајдоа јагленосан сунѓерест предмет при ископувањата во Чаталхојук.
Тестовите спроведени во Истражувачкиот центар за наука и технологија при Универзитетот „Неџметин Ербакан“, кој се наоѓа во централната турска област Коња како и Чаталхојук, потврдија дека артефактот всушност е квасен леб што датира од приближно 6.600 г. пр.н.е.
Инспириран од тоа, Текеркаја се обиде да го рекреира древниот леб, користејќи зрна првенствено одгледувани во регионот за да ја реплицира неговата оригинална форма.
По многубројните обиди да го реплицира лебот стар 9.000 години, тој обликувал топчиња од тесто што ги испекол на дрва во Музејот на градот Мерам и култура на живеење.
„Првично, лебот беше многу тврд и имаше горчлив вкус“, изјави Текеркаја за Анадолу.
„Но по една година експериментирање го рафинирав рецептот за да постигнам вкусен и нутритивен производ. Тој е навистина задоволителен и вкусен“.