Уапсено е целото семејство кај кое се криел убиецот од Младеновац, Урош Блажиќ, јавуваат медиумите.
Како што пренесува „Новости“, целото семејство, кое го засолнило масовниот убиец, е уапсено, а како што се наведува, Урош Блажиќ бил внесен во куќата бидејќи се подготвувале за слава.
Тој утрово беше уапсен од Специјалната антитерористичка единица (САЈ).
Според изјавите од жителите на селото за српските медиуми, тој се криел кај својот вујко.
Жителите на Вињишта велат дека во текот на ноќта ништо не забележале. Само утрово слушнале на вестите.
„Уште не се прибравме од она во училиштето во Врачар, се случи нов масакр. И тоа кај нас. Знам само дека е уапсен кај вујко му. А тоа е едно семејство домаќини. Богати. Не го познававме тој млад човек. Веројатно ретко доаѓаше“, вели еден од жителите на ова село.
Поради интензивната акција на српската полиција, која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по осум часа, убиецот е пронајден во Вињиште кај Крагуевац!
Откога Блажиќ убил 8 лица и ранил 14, побегнал, а потоа киднапирал таксист кого го принудил да го вози.
Според последните информации на српските медиуми, Блажиќ му се заканил на таксистот со бомба и го принудил да вози сè до Вињиште кај Крагуевац.
Урош ја почна својата крвава кампања во Орашје кога излегол од автомобилот и испукал рафал кон група луѓе што седеле околу логорски оган на пикник. Потоа продолжил со крвавиот напад и стигнал до позиција на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица, кои ја поправале капијата во дворот.
novosti.rs