Уапсен 50 годишен државјанин на Албанија, допирал малолетничка по телото

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер околу 20 часот на улица „ Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.Т. од Република Албанија.

-Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14-ти и 15-ти овој месец во Гостивар, во два наврати, и се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

А.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.