Најмалку три жени се убиени кога маж извадил пиштол и отворил оган за време на состанок на станари во Рим, објавија италијанските медиуми.
Извештаите велат дека 57-годишен маж бил уапсен по пукањето, кое се случило во бар во областа Фиден, каде што се одржувал состанокот на станарите, објави „Ројтерс“.
Во престрелката се ранети уште четири лица, а најмалку едно од нив се здобило со тешки телесни повреди.
Осомничениот бил локален жител кој имал серија расправии со група станари, изјави сведок за „Раи њуз“.