Угинатите животни во скопската Зоолошка биле заболени од туберкулоза

Совентикот во Град Скопје, Стефан Кирков во Фејсбук објава вели дека има информации кои се однесуваат на Скопската зоолошка градина за тоа дека навотно последните угниати животни во зоолошката угинале поради тоа што биле заболени од туберколоза.

„Би сакал за жал да ги споделам информациите кој ги имам, а се однесуваат на нашата Зоолошка градина и тоа по основ на последните случувања со смртта на повеќе животни. Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на Туберколоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт.За трагедијата да биде уште поголема пред 10тина дена почина и Бизонот за кој денес добив официјални резултати дека истиот бил болен од Туберколоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек“, вели Кирков во објавата.

Тој посочи дека резултатите биле добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина.

 

 

 

skopjeinfo.mk