Украина може да изврши превентивен ракетен напад врз Белорусија, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов.
„ Нашите трупи во моментов ја уништуваат руската воена опрема и ресурси што се достапни во нашата земја денес. Доколку е потребно, доколку се донесе одлука на врховниот командант, таа ќе биде прифатена“, изјави тој на ТВ каналот Украина 24.
Запрашан дали Украина ќе и нанесе превентивен удар на Белорусија доколку претседателот на Украина, врховниот командант Володимир Зеленски донесе одлука, Данилов рече: „Се разбира“.
Претседателот на Белорусија, Лукашенко неколку часа претходно покажа каде Украина планира да изврши напад врз таа земја.
„ Белорусија ја зајакнува својата јужна граница“, рече Лукашенко.
Таму бројот на батаљонските групи ќе биде зголемен од 5 на 10. Според Лукашенко, тоа ќе се случи во следните два дена.
„ Тоа се високо обучени мобилни групи кои се подготвени да запрат секаква провокација и каква било воена акција против Белорусија“, рече тој.
Лукашенко побара од Путин два комплекса С-400. Еден е веќе во Белорусија, во регионот Гомел. Другиот, како што планира претседателот, треба да биде лоциран во близина на Минск, малку позападно, „за да не се покрие само Минск“.
извор/фото: агенции