Украинците ги бркааат Африканците од автобусите со бегалци, а Полска не ги пушта да влезат

Граѓаните на африканските земји кои се обидуваат да побегнат од воениот пекол на Украина тврдат дека се соочуваат со расизам и вооружени лица им го оневозможуваат пристапот до јавниот превоз.

Студентка по медицина по потекло од Зимбабве, 26-годишната Коррин Скај, изјави дека ситуацијата во Украина потсетува на филмови со апокалипса, а вооружени цивили шетаат низ градот, пишува Дејли Меил.

Корин, која е мајка на деветмесечно дете, им изјави на новинарите дека на контролните пунктови каде дошла да побегне од ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, и се заканувале поради бојата на кожата.
Според неа, таа возела до границата со Романија и се уште чека да влезе во земјата, но Украинците се насилни кон неа и веруваат дека имаат право на приоритет во бегството.

Нигерискиот државјанин Осарумен, татко на три деца, исто така се соочува со проблеми, жалејќи се дека властите побарале од него да им ги предаде седиштата на неговото и на неговото семејство во автобус со бегалци на Украинците. Возачот и вооружените војници како причина навеле дека „забрането возење за црнците“.

– Со години сум активист, но вакво нешто не сум видел. Кога ги гледам луѓето кои не спречуваат да се спасиме, гледам бесчувствителност и расизам во нивните очи. Ова не им се случува само на Африканците, туку и на Индијците, Арапите и Сиријците. Такво нешто е недозволиво – рече тој.

Претседателот на Африканската унија, сенегалскиот претседател Меки Сал и шефот на Комисијата на Африканската унија Муса Факи Махамат во понеделникот изјавија дека се загрижени поради извештаите што доаѓаат од Украина.

 

извор/фото: агенции