УМС однесе атлас со знамиња пред влада: Известете не ако имаат и другите институции проблем со распознавање, ќе им однесеме помагала да не не срамат

По случувањата вчера каде што повторно протоколот на МНР ги помеша знамињата на државите, се поставува прашањето дали освен непотизам како причина, причина за ова во МНР е тоа што во протоколот се вработени трајно неспособни личности по пример на трајно неспособниот премиер, велат од УМС на ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата.

Имаме разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради ова се потрудивме преку вакви интерактивни содржини да им помогнеме да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина.

Ве молиме да не известите ако другите институции имаат потреба од вакви помагала, стоиме на располагање да помогнеме.

извор: ВМРО ДПМНЕ